Гордиот Албион кој е фаворит во нашата група, немаше проблем да слави на Малта. Репрезентацијата на Англија дојде до победа со 0-4 и продолжува со максимален ефект, а во понеделник ќе ја пречека Македонија на „Олд Трафорд“.

Апап си постигна автогол за водство на Англија, вториот гол беше дело на Трент Александер-Арнолд, а потоа Хари Кејн реализираше пенал и на полувреме беше 0-3.

Калум Вилсон, повторно од пенал, го постави конечниот епилог во 83.минута.

Франција лесно мина против Гибралтар и победи со 0-3. Жиру веднаш погоди на почетокот, а Килијан Мбапе од пенал зголеми на 0-2 во последните моменти од првото полувреме. Во вториот дел Гибралтар си постигна автогол.

Данска ја совлада Северна Ирска со 1-0, а на гостите со реакција на ВАР не им беше признат гол во судиското продолжение. Турција едвај дојде до  победа на гости против Летонија (2-3) откако Ирфан Кахвечи возврати на голот што домаќините за израмнување го постигнаа во 94.минута. Но, Турците веднаш возвратија и победија.

Швајцарија очекувано ја победи Андора со 1-2, а Ерменија славеше на гости против Велс со 2-4.