Бернал се здоби со тешка повреда и го чека пауза од една година, па поради тоа Барселона тргна по негова замена и смета дека 19-годишниот Бајчетиќ е идеално решение за проблемот.
Бајчетиќ не е во плановите на тренерот Арне Слот за следната сезона и следен на потег е Ливерпул кој треба да реши дали ќе го испрати талентираниот фудбалер на позајмица.
Во конкуренција за потписот на Бајчетиќ е и Салцбург, но младиот играч тешко би можел да одбие повик од Каталонија.