Таму ќе биде член на младинскиот клуб кој освен во домашното првенство, ќе се натпреварува и во јуниорската АБА лига. Трансферот во Игокеа нема да биде прво интернационално искуство за Луканоски бидејќи пред да дојде во Вардар тој играше во Италија, во тимот на Басано.
Луканоски е еден од најперспективните македонски кошаркари, има 18 години и висок е 209 сантиметри. На Европското првенство Б-дивизија во Скопје беше избран во најдобрата петорка, заедно со Никола Јаничиќ.