ЛА Лејкерс со 121-112 победи на гости кај Портланд иако губеше со 25 поени разлика, а Леброн Џејмс имаше уште една феноменална партија.

Лејкерс водеше во првиот период, но во втората четвртина имаше неверојатен пад, прими дури 45 поени, а даде само 13. На полувреме Портланд имаше водство од 25 поени разлика. Но потоа предноста почна да се топи, Лејкерс притисна, ја анулираше високата негатива и на крај стигна до победа од девет поени разлика.
Леброн Џејмс беше главна карика на тимот, синоќа постигна 37 поени, имаше и 11 скокови,и беше најдобар поединец на мечот. Во тимот на Портланд, Симонс реализираше 31 поен.

 

Резултати:
Далас – ЛА Клиперс 98:112
Мајами – Њу Орлеанс 100:96
Торонто – Њујорк 125:116
Денвер – Оклахома 99:101
Феникс – Мемфис 112:110
Голден стејт – Бруклин 116:120
Портланд – ЛА Лејкерс 112:121