Кошаркарите на Партизан го победија актуелниот шампион во Евролигата Ефес од Истанбул во белградската Арена со резултат 92:85 (23:23, 23:22, 20:19, 26:21).

Натпреварот се одигра пред околу 15.000 навивачи во Арената кои му приредија шоу за збогум на легендарниот капитен на црно -белите, Новица Величковиќ.

Натпреварот започна со минута молчење поради смртта на легендарниот тренер Душан Ивковиќ.

Величковиќ одигра 509 натпревари за Партизан и освои 13 трофеи и е еден од најомилените играчи на клубот.

https://twitter.com/MiljanaRogac/status/1438565419669934085?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1438565419669934085%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fregion%2Fchasovi-na-ljubov-partizan-go-sredi-evropskiot-prvak-na-zboguvanjeto-so-kapitenot