Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид го објави финансискиот извештај за сезоната 2023/24 и од него може да се забележи дека е надмината границата од една милијарда евра кога станува збор за приходите.
Точната сума изнесува 1,073 милијарди евра што е зголемување за 27% во однос на минатата сезона и покрај тековното реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабе“. Фискалната година е завршена со добивка од 16 милиони евра, а вкупната вредност на клубот изнесува 574 милиони евра. Реал е првиот клуб во историјата со приход од над една милијарда евра во текот на една сезона.
Сето ова е проследено со извонредни резултати бидејќи во сезоната 2023/24 Реал освои три трофеи – по еден во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и Лигата на шампионите.