Атлетико Мадрид оствари многу важна победа (1-0) против Селта со која направи голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне цврсто го држи четвртото место на табелата во Ла Лига.
Домаќинот долго не успеваше да го пробие бедемот пред голот на Селта, но тоа му успеа на аргентинецот Родриго де Пол во 84.минута од дуелот кој постигна маестрален гол, ја прими топката на гради а потоа со страотен волеј удар ја погоди противничката мрежа.