Давид Бабунски после само седум минути игра на стартот на вториот дел, погоди и ја најави победата на Мезоковесд Жори на гости со Пакс со 2-0.
После асистенција за победа против Пушкаш Академија (1-0) на стартот на втората полуетапа во унгарското првенство пред три недели, Бабунски денеска со убав гол откако се уфрли во напад, погоди во 53-та минута и му донесе водство на својот тим, а десет минути потоа Молнар ја дуплираше предноста за заверка на победата.
Бабунски зимава потпиша нов договор со унгарскиот тим, каде лани дојде и првично се раздели по четири месеци, но потоа управата се премисли и го задржа. Мезоковесд со третата победа во четирите последни меча сега има 26 бода и е шестопласиран на табелата.