Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски избран е во најдобриот тим на колото за изминатиот викенд во шкотската Премиерлига.

Според „Би-би-си“, Миовски е дел од нападот во најдобриот тим, заедно со Нубл и Кјого.

Македонскиот напаѓач беше стрелец на два гола за Абердин во триумфот од 3-1 против Мадервил.