Аргентинската фудбалска репрезентација одигра 2-2 против Мароко на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз, додека Шпанија славеше со 2-1 против Узбекистан.
Мароко ја шокира Аргентина во 47. минута преку Рахими кој погоди за водство од 1-0, додека истиот фудбалер од пенал ги стресе „гаучосите“ и во 51. минута.
Симеоне во 68. минута ја врати надежта кај Аргентина, додека во 106. минута Медина погоди за реми против Мароко.
На крајот првиот натпревар на фудбалскиот турнир на Олимписките игри меѓу Мароко и Аргентина заврши со невиден преседан. Мароканците водеа до последните секунди, а Аргентина даде гол за 2-2 во 106. минута. Тоа предизвика хаос на стадионот во Сент-Етјен, навивачите на африканската селекција „полудеа“ и имаше напад врз противнички фудбалери.
Сите сметаа дека е крај на мечот, а судиите го суспендираа финишот поради влетувањето на навивачи на теренот. Фудбалерите си заминаа во соблекувалните сметајќи дека средбата е завршена со нерешен резултат.
Два часа подоцна се случи нешто невидено во фудбалот. Со помош на ВАР технологијата е одреден офсајд при израмнувачкиот гол, па судиите ги повикаа играчите да ја доиграат средбата. Судијата повеќе од час и половина подоцна дојде до ВАР-мониторот да ја прегледа ситуацијата, утврди дека има недозволена позиција и го поништи голот.
https://twitter.com/i/status/1816146722399113487Се играа уште три минути два часа по моментот кога сите сметаа дека е крај, а потоа Мароканците ја прославија првата победа на стартот на овој турнир во Франција.
Шпанија славеше против Узбекистан со головите на Пубил и Гомез, додека за поразениот тим погоди Шомуродов.