Фудбалерите на Челзи целосно се вратија во игра за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ), откако уште на стартот од второто полувреме против Реал Мадрид целосно ја надополнија негативата од првиот меч на домашен терен (1-3).

За 0:1 погоди Маунт, а Ридигер во 50. минута одлично скокна и со глава ја смести топката во мрежата за водство 2-0 на „сините“, односно изедначување на вкучниот резултат во пресметката со „кралевите“.