Невообичаена ситуација се случи по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Волфсбург и Севиља.

Волфсбург водеше до 86 -та минута и имаше победа во џебот со голот на Стефен, но потоа беше досуден пенал, кој бо гол го претвори Иван Ракитиќ за конечни 1: 1.

Хрватскиот играч за врска беше сигурен изведувач на најстрогата казна, што ги иритираше домашните поддржувачи.

Толку многу што по натпреварот му фрлија шише пиво, кое тој некако успеа да го избегне.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=v3aSLXt_Jo8

“Не е важно. Емоциите на трибините се исти како и емоциите на теренот”, со насмевка прокоментира играчот од средниот ред на Севиља и додаде:

“Не смеев да го промашам пеналот бидејќи овој бод ни е многу важен. Освоениот бод е важен за да продолжиме да се бориме за да поминиме понатаму. Ова беше навистина чуден натпревар”, рече Ракитиќ.