Аталанта стигна до шестата победа во Серија А оваа сезона совладувајќи ја Фиорентина со 1-0. Тимот од Бергамо сега има 20 бода и се израмни на врвот со Наполи.

Адемола Лукман во 59.минута, на асистенција на Луис Мјуриел, го постигна победничкиот гол за Аталанта на овој дуел.

Фиорентина по поразот остана на девет бода и се наоѓа на 11. место на табелата.