Шалке и Аугсбург одиграа доста ефикасен меч во осмото коло од германската Бундеслига, а на крајот како победник излезе гостинскиот тим со 3-2.
Босанскиот напаѓач Ермедин Демировиќ со два гола го израдува гостинот (2-0) до 21. минута, по што Симон Тероде намали на 1-2.
Том Краус го врати Шалке во игра за три бода, откако израмни на 2-2 во 63. минута, но сепак победата на гостите ја запечати Андре Хан во 77. минута.
Аугсбург се наоѓа на 10. место во германскиот шампионат со 12 бодови, додека Шалке е пред зоната на испаѓање со шест бода.