Бохум и Келн ремизираа 1-1 во претпоследниот натпревар од 7.коло во Бундеслигата.
Домашниот тим поведе благодарение на автоголот на Бено Шмиц во 9.минута. Домашниот тим беше близу да ја запише првата сезонска победа, но во 88.минута гостите се изборија за реми преку Линтон Маина.
Келн се наоѓа на 9.место со 10 бодови, додека Бохум останува на последното место со само еден освоен бод од седум натпревари.