Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Андерсон е под истрага за перење пари.
Според информациите од Бразил, Андерсон е еден од осумте луѓе што јавниот обвинител ги поврза со пренасочување на околу 5,5 милиони евра од државната берза и перење пари преку крипто -валути.
Покрај горенаведеното, според Глоуб, осуммина се под истрага за кражба и учество во криминална организација. Во станот на Андерсон веќе е извршен претрес како дел од истрагата што трае веќе некое време.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, еден од стрелците во изведувањето пенали против Челзи во финалето на Лигата на шампионите 2007/08 година, се занимаваше со крипто -валути во последните две години, а Глобу потврди дека неговата компанија продала биткоин на компанијата под истрага. Тој исто така тврди дека не знаел дека парите потекнуваат од илегални извори.
Неговиот адвокат Хулио Цезар Коитињо Јуниор рече дека ќе докаже дека Андерсон бил жртва во оваа измама, а не учесник во неа.