Атлетико Минеиро славеше со 3:0 против Демократ во регионалната бразилска лига, а прва ѕвезда на мечот беше некогашниот бразилски репрезентативец Хулк. Напаѓачот кој во врвот на кариерата играше во Европа, во екипите на Порто и Зенит, се прослави со неговиот силен шут.
Хулк важи за фудбалер со најсилен шут, а тоа уште еднаш го потврди на последниот меч. Тој даде два гола, а посебно за издвојување беше голот од слободен удар. Голгетерот упати „бомба“ кон противничкиот гол, а за тоа колку беше силен шутот, покажува задоцнетата реакција на голманот, кој едноставно како да не ја виде топката.
Искусниот 36-годишен фудбалер во дресот на бразилската репрезентација одигра 49 средби, а има постигнато 11 гола.