Џејмс Крофорд од Канада направи сензација и стигна до првата победа на големите натпреварувања со што освои златен медал на супервелеслаломската трка на Светското првенство во алпско скијање.
Канаѓанецот го освои златниот медал со време од 1.07.22, само за стоти дел од секундата подобро од второпласираниот, Норвежанецот Александер Омот-Килде.
Бронзениот медал му припадна на Французинот Алексис Пантуро кој задоцни 26 стотинки зад победникот Крофорд.