Еуфоријата во Грузија кулминира откако завчера официјално беа пуштени во продажба влезниците за пресметката со Македонија на „Динамо Арената“ и според информациите и сликите од Тбилиси, билетарите се под опсада од навивачите зашто интересот е преголем за мечот.
https://twitter.com/dtsgtr2/status/1571095936142807040?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571095936142807040%7Ctwgr%5E5e9d38a1b6c61b7a9fafcad11b14ebe8f444f9ef%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Freprezentacija%2Fmakedonija-ja-cheka-pekol-vo-tbilisi-biletarite-pod-opsada-od-gruziskite
Јасно е дека Македонија во Тбилиси ја чека пеколна атмосфера од 50-на илјади грла, а на Грузија ѝ треба најмалку бод, иако и со пораз до два гола разлика останува во пол-позиција за првото место, зашто ќе остане со подобар меѓусебен скор со Македонија за тоа прво место, па заверката ќе ја бара против аутсајдерот Гибралтар.
Македонија ќе мора многу убедливо да победи за тоа прво место, со четири разлика, после скопските 0-3, а дури и со триумф со иста мерка со три разлика не е гаранција за наше прво место поради послабата гол-разлика.