Сјајниот германски фудбалер често има мака со повредите, поради кои остана без настап на СП 2014 како и на две Европски првенства и тоа во 2016 и во 2021 година. Причина штонајверојатно нема да биде дел од „панцерите“ е потешката повреда на скочниот зглоб во 28. минута од вчерашниот дуел против Шалке. Се шпекулира дека на Ројс му настрадале лигаментите, што ако се потврди на дополнителните лекарски прегледи ќе значи крај на надежите дека ќе настапи во Катар за два месеци.
Дортмунд победи со 1-0, но никој во клубот не славеше по средбата поради загриженост дека кој знае по кој пат ќе останат на подолго време без својот капитен.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1571139437479993344?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571139437479993344%7Ctwgr%5Eb96d847a06265d16876099724b3c7e3019b5e416%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fnajmalerozniot-fudbaler-na-svetot-kje-go-propushti-i-mundijalot-vo-katar