Легендарниот шпански тренер, кој нема многу спортски успеси во последните неколку години, Рафаел Бенитез, лошо се снајде на почетокот на сезоната во Евертон и долго време беше цел на навивачите на клубот.
Кулминираше кога му пееја дека е „само дебел шпански келнер“, а Евертон губеше натпревар по натпревар.
Евертон вчера беше поразен од Норич со 2:1, а Рафаел Бенитез до понеделник и официјално треба да го напушти клубот.
Ќе добие отказ, а во моментов се бара начин да се раскине договорот.