Марко Ласица направи глупав потег и неспортски плукна кон македонските навивачи, по крајот на мечот со нашата репрезентација на Европското првенство 2022.
Црногорецот се извини ден подоцна и порача дека се кае за овој срамен гест. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе помине без казна. Според последните информации, десното крило ќе мора да плати 5000 евра за однесувањето по завршувањето на дуелот со Македонија.
Неспортски потег на Ласица наиде на осуда од светските медиуми. На крај тој очигледно беше совладан од емоциите и притисокот под кој се играше натпреварот од второто коло, па реагираше како што не смее да си дозволи кога се наоѓа на ракометниот терен.