Бразил е најфудбалската земја во светот, но и земја со висока стапка на криминал и убиства. Токму злосторство направено на фудбалскиот терен е шокантната вест која стигнува од земјата на петкратниот светски првак.
На меч од аматерскиот куп Пеледао се случи трагедија. Голманот на екипата на Чунај се подготвуваше да изведе пенал и со евентуален гол да го испрати својот тим во четвртфиналето на Купот. Во моментите кога се подготвуваше да шутира пенал, се слушна рафално пукање и панични врисоци.
Овој неочекуван напад бил во живо пренесуван на „Фејсбук“. Тоа било напад на криминална група која очекувала победа на тимот кој беше пред пораз и елиминација. Тројца играчи на Чунај биле убиени, а двајца биле погодени од куршумите, но, за среќа, преживеале.
На овој Куп кој има над 50 години традиција во минатото учествувале над 1.500 аматерски екипи. Сепак, во последните 20-тина години започнале да се мешаат и мафијашките кланови, па не е првпат да има вакви трагични моменти.
Токму затоа сега на турнирот учествуваат меѓу 200 и 300 екипи, односно пет-шест пати помалку од тоа што било во минатото. Првата голема трагедија на Пеледао купот се случи во 2013 година, кога голманот на една екипа не сакал да пушти победа на противникот.
Кога победила неговата екипа, тој заедно со соиграчите заминал да слави, каде што ненадејно бил пресретнат од напаѓач на мотор и бил убиен.
https://twitter.com/heversonreis88/status/1617618969204248576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1617618969204248576%7Ctwgr%5E3ea7e4cd7415e1af3f46ca1df0cbc882140adcac%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2023%2F02%2F09%2FD0B2D0BE-D0B1D180D0B0D0B7D0B8D0BB-D181D0B5-D181D0BFD180D0B5D0BCD0B0D188D0B5-D0B4D0B0-D0B8D0B7D0B2D0B5D0B4D0B5-D0BFD0B5D0BDD0B0D0BB%2F