Алеш Беренгер три минути пред полувремето ѝ даде гол на Валенсија и тој беше доволен за прва сезонска победа за баскиската гордост Атлетик Билбао, кој славеше минимално со 1-0 во пресметката со „љиљаците“ во второто коло во шпанската Ла Лига.
Офанзивецот Беренгер погоди после асистенцијата на Микел Весга во 42-та минута, по што Валенсија не најде начин како да дојде барем до бод, а иако четата на Џенаро Гатузо имаше тотална доминација во поседот на топката, избраниците не шутнаа директно во голот, па залудни останаа десетте упатени удари кон баскискиот гол.
Атлетик по две кола има четири бода откако на стартот ремизираа со Мајорка без голови, додека Валенсија остана на три после минималецот со Жирона минатиот викенд.