Екипата на Динамо Загреб заслужи да оствари победа против Монако, но за жал нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми мораа да се задоволат само со реми.
Хрватскиот првак подобро се снаоѓаше во тешките услови за игра поради обилниот дожд, но посебно до израз дојдоа двете мајстории кои ги изведоа Сучиќ и Батурина.
Двајцата напаѓачи режираа вистински фудбалски ремек-дела на „Максимир“, па и покрај тоа што тие донесоа водство од 2:0, на крајот тоа не се покажа како доволно за победа.
Монако се врати во игра со голот на Салису во 74-та минута, за потоа во самиот финиш да видиме пенал во корист на гостите од Франција.
Бернаер беше крајно невнимателен и направи наивен пенал во 90-та минута, а истиот го реализираше Закарија со силен удар за конечни 2:2 во Загреб.
Мајсторијата на Сучиќ погледнете ја ТУКА
Погодокот на Батурина погледнете го ТУКА