Наполи ја оствари и втората победа во второто коло од Серија А, а повторно блесна грузискиот талент Квича Кварацкелија.
Совладана беше Монца, со 4-0, а победата беше јасна уште по околу еден час игра на „Диего Марадона“кога беше 3-0, а два од тие три гола беа дело на Кварацкелија.
Го отвори резултатот со фантастичен шут од далечина, кој можеби веќе сега важи за најдобар гол во новата сезона во Серија А. Виктор Осимен зголеми на 2-0 во судиското продолжение од првиот дел, а Кварацкелија го постигна својот втор гол, трет во две кола, во 62. минута.
Излезе осум минути подоцна и директна замена му беше нашиот Елиф Елмас. До крајот на мечот Наполи зголеми и на 4-0, со погодокот на уште едно ново засилување, Кореецот Мин-Јае Ким.