Македонија не успеа да стигне до посакуваните три бода од гостувањето во Рејкјавик обезбеди само реми (2-2). Сепак, во изборот на најдобри фудбалери за петтото квалификациско коло за Светското првенство (СП) свое место си најде Езгјан Алиоски.

Македонскиот репрезентативец беше асистент и постигна еден погодок во мечот против Исланд, и иако тоа не беше доволно за победа сепак беше избран за најдобар играч. Зад себе ги остави Јан Зомер од Швајцарија и Микола Шапаренко од Украина.