Фудбалерите на Струга Трим Лум имаа неверојатен старт во новата сезона. По осумте кола, тимот на Срѓан Захариевски нанижа осум победи.

Буњамин Шабани е еден од лидерите во составот на Струга ТЛ, а посочува дека заедништвото и посветеноста на сите во клубот донеле до еден ваков успех.

„Во Струга сите сме среќни за овој успех. Да бидам искрен не очекувавме да имаме ваква импресивна серија, од осум натпревари – осум победи. Според мене, клучот за успехот e во посветеноста на сите фудбалери и воедно сите во клубот. Се разбира, и заедништвото што го имаме во тимот“, изјави Буњамин Шабани.