Францускиот прволигаш Лион потврди дека се водат преговори со американскиот бизнисмен Џон Текстер за купување на најголемиот удел во акциите на фудбалскиот клуб, пренесоа француските медиуми. „Игл фудбал холдинг“ е во напредни разговори за стекнување на контролниот пакет на претседателот Жан-Мишел Оулас. Текстер има удел во премиерлигашкиот клуб Кристал Палас.

Лион освои седум последователни шампионски титули на Франција од сезоната 2001/02, но драстично падна во последниве години откако катарскиот инвестициски фонд го купи Пари Сен Жермен.

Фудбалските клубови привлекуваат милијардери и олигарси од целиот свет поради огромните приходи од телевизиските права и профитабилниот недвижен имот.