Екипата на Манчестер Сити со 2-0 триумфира во дуелот со Евертон со двата погодоци на Ерлинг Халанд во завршниот дел од натпреварот.
Евертон одлично се бранеше, а Манчестер Сити многу долго време се мачеше да упати удар во рамките од голот на Пикфорд.
Херој на „граѓаните“ беше Ерлинг Халанд, кој по паузата поради повреда им се врати на головите во Премиер лигата. Норвешкиот ас експлодира во вистински момент. Сити долго време
се мачеше против четата на Шон Дајч, но само што влезе натпреварот во завршницата, Халанд стапи на сцена и обезбеди три бода за својата екипа.
Тоа првпат се случи во 71. минута кога Халанд постигна гол за водство на Сити од 1-0.
Во 85. минута Халанд постигна уште еден гол и ја запечати победата од 2-0.
Со овие три бода Манчестер Сити се проби на првото место во Премиерлигата.