Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вели дека натпреварот со Португалија ќе биде многу поразичен оти се поквалителни од Италија.
„Искрено ова е еден од најтешките натпревари, еден од највозбудливите до сега на сите играчи што сме тука и како што кажавте 90 минути да си го исполниме сонот од деца и за цела нација, не знам што да кажам. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја испуштиме за да може да стигнеме до Катар“, изјави Елиф Елмас по денешниот тренинг.
Тој додаде дека тие знаат дека не смеат да не потценат, но Елмас вели дека би бил среќен ако тие не потценат.