Португалија ја совлада Турција со 3-0 во второто коло од Европското првенство, а посебно внимание привлече вториот гол, односно автоголот на турскиот дефанзивец Самет Акајдин.
Акајдин не забележа дека голманот Бајиндир не е на гол-линијата и ја испрати топката во сопствената мрежа за предност од 2-0 на Португалците.