Португалија оствари убедлива победа од 3-0 против Турција во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП), а тоа значи и пласман во осминафинале на турнирот.
Бернардо Силва го скрши отпорот на противникот со гол во 21. минута, а вистински шок доживеа Турција само седум минути подоцна кога Акајдин си постигна чуден автогол.
Турција не можеше да ја врати неизвесноста во натпреварот, а победата за Португалија ја запечати Бруно Фернандеш во 56. минута на асистенција на Роналдо.
https://twitter.com/i/status/1804564190285254785Португалија е прва во групата Ф со шест бодови, Турција има три, додека по еден бод имаат Чешка и Грузија.