Сепак, Барселона е во опасност да го загуби овој талент. Во актуелниот договор на Кубарси стои дека клуб што ќе плати откупна клаузула од 10 м илиони евра, ќе може да го доведе тинејџерот во своите редови. Оваа сума е ситница за големите европски клубови, па Барселона мора брзо да реагира.
Каталонскиот гигант чека Кубарси да наполни 18 години и да стане полнолетен, а потоа ќе му биде понуден договор што ќе го „врзе“ со Барселона до 2030 или 2031 година. Нешто слично Барселона направи со Ламин Јамал. Проблемот со Кубарси е тоа што тој дури во јануари 2025 година ќе наполни 18 години и каталонскиот гигант до тогаш нема да може да му понуди толку добар и долг договор, според прописите во шпанската фудбалска федерација.
Шпекулациите се дека некои клубови од Англија веќе покажале интерес за овој централен дефанзивец кој сепак се очекува да остане верен на Барселона уште многу години.