Фудбалерите на АЗ Алкмар со пресврт дојдоа до победа во Рим против Лацио со 2-1 во првиот осминафинален меч во Конференциската лига на УЕФА.
Лацио поведе со голот на искусниот Педро Родригес во 18. минута од натпреварот, по што во завршницата од првиот дел Павлидис израмни на 1-1.
Вистински шок за „лацијалите“ следуваше во 62. минута, кога Керкез погоди за 2-1 со што обезбеди триумф за холанѓаните.
Реваншот се игра на 16 март во Холандија.