Португалскиот гигант Бенфика се пласира во четвртфинале, откако и во реваншот со 5-1 го декласира Клуб Бриж. Бенфика уште во втората минута постигна маестрален гол за водство, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, домаќините продолжија со нападите кон голот на гостите од Белгија и преку Рафа Силва и Рамош стигнаа до водство од 2-0.
Рамош зголеми на 3-0 во 57. минута, по што мрежата на гостите ја погодија и Жоао Марио од пенал и Нерез, а до крајот на натпреварот Клуб Бриж успеа да постигне почесен гол за 1-5.