Челзи во динамичен натпревар на „Стемфорд бриџ“ ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0, и го елиминира германскиот гигант за пласман во четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ).
Лондончани тргнаа фуриозно кон голот на Мејер за да ја анулираат предноста на Дортмунд од првиот натпревар (1-0), па се заканија преку Рахим Стерлинг и Каи Хаверц, кој погоди статива, но мрежата остана мирна.
Челзи поведе во 43. минута кога Стерлинг најпрво се посрамоти, а потоа испрати „бомба“ во мрежата на „милионерите“ за водство од 1-0.
Англискиот гигант ја зголеми предноста на 2-0 преку Хаверц, кој најпрво промаши пенал, но истиот беше повторен од ВАР зашто гостите предвреме влегоа во казнениот простор.
Дортмунд се обидуваше да стигне до гол и да остане во „живот“, но голманот на Челзи, Кепа Аризабалага имаше две одлични интервенции и ја зачува мрежата за триумф на лондонскиот гигант од 2-0.