Динамо Загреб добива еден милион евра обештетување, а Адеми во следните три сезони ќе заработува најмногу што според важечките кинески правила може да добие еден играч во кинеската лига – 1.650.000 евра по сезона.
Капитенот на Динамо го напушта „Максимир“ по 11 години, а Адеми треба да го одигра последниот натпревар за Динамо на 19 март, кога ќе гостува Ријека во Загреб. Еден ден подоцна Адеми ќе биде играч на Пекинг Гуан.