Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа со 120-116 над Јута џез, а повторно одличен настап имаше Лука Дончиќ, додека важна победа запиша и Лос Анџелес лејкерс над Мемфис гризлис со 112-103.

Словенечката звезда постигна 29 поени, 10 скокови и шест асистенции, додека најефикасен на теренот беше Кајри Ирвинг со 33 поени.

Далас е петти на Западот со 34 победи и 22 порази, додека Јута има 31 триумф и 35 порази.

Лос Анџелес лејкерс славеше над Мемфис гризлис со 112-103 во уште еден настап без Леброн Џејмс. На теренот доминираше Дејвис со 30 поени, 22 скокови и три асистенции, додека Џексон за Мемфис постигна 26 поени.