Најтрофејниот италијански клуб Јувентус направи огромен чекор кон финалето во Копа Италија откако со автогол во 91-та минута стигна до голема победа од 1-0 на „Артемиот Франки“ во Фиренца, во првиот меч од полуфиналето.
Како одигра Јувентус во текот на целиот меч и не заслужи да победи, но фудбал се игра до последна секунда, па од третата шанса, Венути си ја погоди сопствената мрежа после центаршут на Хуан Квадрадо, и на „старата дама“ да ѝ обезбеди победа.
Душан Влаховиќ и Квадрадо во вториот дел имаа две добри шанси за гол и победа, откако Јувентус во првиот дел беше тотално надигран, а Бонавентура промаши празен гол, Иконе погоди дирек и после сѐ, на крајот омразениот Јуве со една нога е во финалето.
Вчера миланската пресметка помеѓу Интер и Милан заврши без победник и без голови во вториот полуфинален меч.