Португалецот Гонсало Гуедеш со голот на две минути пред полувремето ја однесе Валенсија до прво полуфинале по три години, кога последен пат „љиљаците“ го освоија трофејот во 2019 година и сега ќе се борат за деветтиот пехар во ова натпреварување, а тие се петти најтрофеен клуб во Копа дел Реј.
Иако баскиската гордост доминираше на „Месталја“, со само еден директен шут за 90 минути, Атлетик не можеше да се надева на ништо повеќе, ниту барем да се избори за продолженија и евентуално пенали, па со тоа сонот остана неисполнет за хет-трик на финалиња и шанса за пехар на вториот најтрофен клуб во ова натпреварување.
Утре Бетис е домаќин на Рајо Валјекано и има предност од 2-1 против тимот на нашиот Столе Димитриевски во второто полуфинале, по што Валенсија ќе дознае против кого ќе се бори за трофејот од оваа сезона во Купот.