Македонија стои на чекор од остварување на голем успех, а тоа е пласман на Мундијалот во Катар. За тоа да се случи потребна е уште една победа, во дуелот со Португалија.
Мечот во Порто за швајцарските медиуми го најави македонскиот фудбалер Езгијан Алиоски.
„Сè уште не сме направиле ништо. Исфрливме гигант како Италија, но имаме уште еден чекор кон Светското првенство. Сонуваме за победа во вторник. Ќе дадеме максимум за да си го оствариме сонот. Против било кого ќе бевме аутсајдери, така да не ни е важно тоа.
Роналдо игра на врвно ниво веќе дваесет години. Не би сакале да расипеме нешто во кариерата на Роналдо. Но, ние чекориме кон остварување на нашиот сон. Ние веруваме дека можеме до победа над Португалија“, изјави македонскиот дефанзивец за „Blick“.
Натпреварот е закажан за вторник, со почеток од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто.