Европскиот и шпанскиот шампион Реал Мадрид потешко од очекувањата дојде до првата победа сезонава во Ла Лига, откако со пресврт, како гости, ја совлада Алмерија (2-1).

Домаќинот уште во шестата минута со голот на Рамазани го изненади големиот фаворит, па дури и издржа до крајот на полувремето задржувајќи го водството. На „кралевите“ им требаше еден час да го пробијат бедемот на Алмерија, а прв тоа го направи Лукас Васкез во 61. минута.

 

Победата ја донесе Давид Алаба во 75. минута, само една минута откако влезе во игра и тоа со фантастичен удар од слободен удар.