Екипата на Манчестер Јунајтед продолжува со променливите резултати сезонава и во Лигата на Европа, па така избраниците на Ерик Тен Хаг не успеаа да  победат на домашен терен против хопландски Твенте.

„Црвените ѓаволи“  одиграа само 1-1 , имаше Јунајтед повеќе од играта, но и Твенте беше опасен. До водство избраниците на Ерик Тен Хаг стигнаа со голот на Ериксен по нешто повеќе од половина час игра. Со предноста од 1:0 заминаа и на паузата.

Се играше 68. минута кога стрелецот Ериксен погреши на својата половина и му дозволи на Ламер да дојде во одлична позиција и да го совлада Онана.

Манчестер Јунајтед имаше голема прилика во последните моменти да постигне и гол за победа, но сепак чуварот на мрежата го спаси својот гол, па резултатот не се промени.

Сигурен гостински триумф оствари Лацио во дуелот против Динамо Киев од 0-3 (0-3). Средбата во Хамбург беше решена уште во првото полувреме кога италијанскиот тим со двата гола на Булаје Диа и еден на Деле Баширу стекна огромна предност која рутински ја одбрани.

 

Победа во грчко-турската пресметка забележа Галатасарај во Истанбул против ПАОК (3-1). Автоголот на Баба на стартот на вториот дел го отвори резултатот на „Рамс Парк“ стадионот. Константелиас успеа да израмни, меѓутоа Акгун донесе предност, а во финишот погоди и Икарди.

На останатите натпревари реми одиграа Ница и Реал Сосиедад (1-1), а со ист резултат одиграаа Митјиланд и Хофехајм. Славија Прага триумфира на гости кај Лудогорец во Разград (0-2), додека Андерлехт дома го совлада Ференцварош (2-1).