Екипте на АЗ Алкмар и Бодо Глимт славеа победи во првите натпревари од новата сезона во Лигата на Европа.
Сезоната во второто по ранг европско натпреварување започна ефикасно и во два натпревари видовме дури десет голови. АЗ Алкмар на домашен терен беше подобар од Елфсборг со 3-2.
Мрежата на холандскиот тим се затресе по 11 минути игра, но голот беше поништен поради недозволена позиција. Десет минути подоцна гостите сепак дојдоа до водство преку Оума. АЗ Алкмар не дозволи на пауза да оди со негатива, па Ван Бомел во завршницата од првиот дел донесе изедначување.
По само пет минути игра во второто полувреме Ван Бомел постигна уште еден гол за целосен пресврт. Елфсборг во 53. минута одново изедначи преку Хедлунд. Конечните 3-2 ги постави со гол од пенал Парот на 15-тина минути пред крајот.
Изненадување приреди Бодо кој со 3-2 на свој терен го совлада фаворизираниот Порто. Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога Омородион по осум минути игра го донесе португалскиот тим во водство.
Бодо изедначи преку Хог во 15. минута, а на пет минути пред крајот на првиот дел Хауге погоди за целосен пресврт. Со пресврт од 2-1 Бодо замина и на паузата.
На почетокот на вториот дел Мата заработи втор жолт картон и беше исклучен. Сепак, Бодо и со играч помалку постигна уште еден гол за 3-1
Порто до крајот успеа само да го ублажи поразот со голот на Гуи во 90. минута.