Фудбалерите на Лос Анџелес ФЦ го победија Спортинг Канзас Сити со 3:1 и на тој начин стигнаа до трофејот во американскиот Опен Куп, или најстарото фудбалско натпреварување на американска територија.
Опен Купот се игра по принципот на европските национални купови и во него учествуваат клубови од сите рангови на натпреварувања во САД, вклучувајќи и осум екипи од МЛС.
ЛА утринава го доби финалето против МЛС ривалот Спортинг со 3:1, победа која беше најавена од Оливие Жиру со голот постигнат во 52. минута од натпреварот.
Тимот од Канзас се избори за дополнителни 30 минути, но во нив Лос Анџелес постигна два гола преку Кампос и Камара и на крајот го освои својот прв трофеј во Опен Купот.