Ланс за половина час ја најави победата со два гола преку Опенда во седмата и Мачадо во 38-та, но Монако даде гол за надеж до полувремето преку Бадиашиле во 41-та, но сѐ тргна наопаку после само десет минути во вториот дел кога Фофана даде трет гол за гостите, а Вандерсон доби втор жолт картон и исклучување во 72-та по што јасно беше дека „кнезовите“ го загубија мечот.
До крајот, Саид на 12 минути пред последниот судиски свиреж даде четврти гол за убедлив триумф на Ланс, кој со седум бода од три кола во моментов е привремен лидер додека ПСЖ и Лион, кои имаат максимален ефект по два меча не ги одиграат своите дуели.