Лајпциг со 3-2 го победи европскиот првак Реал Мадрид и дојде на чекор до осминафиналето, откако Шахтјор ремизираше 1-1 кај Селтик во Глазгов и пред меѓусебниот дуел на Германците со Украинците, Лајпциг има три бода повеќе и им треба бод за пласман, додека Шахтјор ќе мора да победи и поради подобриот меѓусебен дуел (славеа во првата меѓусебна пресметка) да обезбедат осминафинале.
Јошко Гвардиол и Кристофер Нкунку за пет минути од 13-та до 18-та дадоа голови за водство на Лајпциг, а Тимо Вернер ја завери победата со гол на девет минути пред крајот. Бразилскиот тандем на „кралевите“ Винисиус Жуниор и Родриго беа стрелци за европскиот шампион.