На „Селтик Парк“, во завршницата од натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Селтик и Шахтјор, беше видено веројатно најголемото промашување во историјата на ова натпреварување.
Данило Сикан можеше да биде херој на Шахтјор, но наместо тоа направи грешка која сигурно ќе го прогонува во текот на целата негова кариера.
21-годишниот фудбалер се најде сам пред небранетиот гол, но направи таква грешка што воопшто не успеа да шутира иако го имаше целото време на светот.
Имено, Сикан имаше многу лош прв контакт со топката која му избега од ногата, а младиот Украинец само гледаше како топката минува покрај стативата.
Кога виде што се случи, ја стави раката на уста и со неверување погледна кон клупата и соиграчите.
How did he miss that? #Sikan #celtic #Shakhtar #UCL https://t.co/3GPQeny5dL
— Cengiz İzmitli/İskoçyalı 🏴 (@thekingofscot) October 25, 2022