Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека се уште не размислува за пензија, бидејќи планира да брани за Парма најмалку до јуни 2024 година.
Буфон (44) порасна во Парма, а потоа бранеше за Јувентус и Пари Сен Жермен пред да се врати во својот матичен клуб минатата година. Тој има договор со Парма до јуни 2024 година.
„Можам да се пензионирам на 55 години. Поминав десет години во Парма и 20 во Јувентус. Десет години размислувам за пензија, но секогаш продолжувам“, рече Буфон и додаде дека ќе остане во фудбалот и по завршува неговата играчка кариера.
Италијанските новинари побараа од него да одговори на прашањето кој е подобар фудбалер Лионел Меси или Кристијано Роналдо.
“Не можам да одговорам на тоа, не играв со Меси. Шампионите се препознаваат и во соблекувалната, треба повеќе да се фокусираме на луѓето отколку на фудбалерите. Кога зборуваме за најдобрите на сите времиња, треба да знаеме дека фудбалот се промени . Не е потребно да се доведе во прашање што направиле Пеле, Диего Марадона или Јохан Кројф. Спортско е да се каже дека се меѓу најдобрите кои некогаш играле“, рече Буфон, кој одбрани 176 натпревари за италијанската репрезентација од 1997 до 2018 година.